Брановиден гигант
Калифорниската академија на науките во Сан Франциско, проектирана од италијанскиот архитект Ренцо Пиано, беше една од најголемите и најнапредните еколошки одржливи згради во светот во времето кога е завршена.
Денес, академијата е прочуена по својот зелен брановиден покрив од 10.000 квадратни метри.
Главната мисија на овој комплекс е „истражување, толкување и одржливост на животот на Земјата“.
Кралски лак
Ko-Bogen, или Кралски лак, е канцелариски и малопродажен комплекс од големи размери проектиран од Даниел Либескинд. Невообичаена форма, сместена на две парцели и поврзана со двоетажен мост, се наоѓа на место каде што се среќаваат Булеварот на алејата на кралевите и шеталиштето Хофгартен во Дизелдорф.
Зелениот покрив е замислен да понуди еден вид континуитет на дизајнот со историските паркови на тоа важно историско место.
Пејзажен камелеон
Историскиот музеј Vendee во Les Lucs-sur-Boulogne, Франција, има зелен покрив над целата површина проектиран така да комплексот што подобро се вклопи со природниот пејзаж.
Совршено вклопен во пејзажот под крошни на растенија, овој музеј ја прикажува историјата на Vendeе од праисторискиот период до денес.