Насловна / Архитектура / Три зелени кровови во светот – приказна во слики

Три зелени кровови во светот – приказна во слики

Зелениот змеј

1

Зградата на терминалот на аеродромот во Пекинг проектиран од Foster&Partners е една од најодржливите во светот.

Вклучува цела низа концепти на пасивен дизајн, како што се прозорците на покривот со поглед кон југоисток кои максимално ја зголемуваат топлината од сонцето во раните утрински часови и интегрираниот систем за контрола на животната средина што ја намалува потрошувачката на енергија.

12

Во градежна смисла, неговиот дизајн ги оптимизира перформансите на материјалите избрани врз основа на локалната достапност, функционалност, примена на вештини на локални занаетчии и ниска куповна цена. Проектиран е и изграден за само четири години.

Каскадна градина

2

Скалестиот Step Garden Acros Hall во префектурата Фукуока во Јапонија е проектиран како мултифункционален простор за јавна намена, како и за помош во намалување на температурата во околината.

22

Проектиран од Emilio Ambasz & Associates, кога бил изграден, имало 76 видови растенија, вклучувајќи 23 различни видови дрвја, од слива до јавор.

Денес, благодарение на бројните птици што се населиле таму, има 120 различни сорти и некаде вкупно околу 50 000 растенија.

Музеј за пикник и санкање

3

Музејот Moesgaard во Архус, Данска е проектиран од бирото Henning Larsen Architects.

Неговиот кос зелен покрив е предвиден за излети во лето и санкање во зима.

33

Проектиран е мошне долг кос покрив кој се вклопува во ридскиот предел на Скада во Данска. Покривот ја намалува вкупната потреба за ладење поради намалена апсорпција на топлина. Покрај тоа, количината на отпадна вода се намалува со наклонот на кровор.

Музејот е опкружен со велелепни тревници и шуми.

Испрати коментар

Scroll To Top