Во малата италијанска населба Манијаго во близина на Милано, направена е едноставна и одржлива куќа од природни градежни материјали.
Самото име на проектот Куќа од дрво, слама и плута, потпишано од архитектонската фирма LCA Architetti, била нарачана од млад пар кој сакал да живее во најодржлив дом и да има близок контакт со природата. Затоа, архитектите го ставаат дизајнот на куќата во втор план во обид да се задржи фокусот на руралното опкружување и за зачувување на животната средина.
Оваа идеја се реализирала со употреба на природни градежни материјали, кои можат да се рециклираат, и е подигната монтажна дрвена конструкција, со изолација од слама и завршна обработка на плута.
“Клиентите сакаа здрав и еколошки објект што е во директен контакт со природата. Дом каде што можам да уживам во ситниците. Куќата е родена „од земја“ и ги има боите на земјата. Составот е намерно едноставен и примитивен, а моделот беа старите штали што сè уште се присутни на овие простори“, вели за Dezeen, основачот на бирото на LCA Architetti, Лука Компри.
Големината и обликот на куќата се насочени кон соседните згради, кои ги сочинуваат цела низа од земјоделски објекти. Куќата надворешно не е украсена, а фокусот е на текстурната обвивка од плута.
Се разбира, употребата на плута ја поддржува топлинската изолација на куќата и, заедно со сламата, ја минимизира потребата за дополнителна енергија. Сметките за греење на оваа куќа се минимални!
Нанесената слама е добиена од околните фарми.
Серија соларни панели поставени на покривот, како и топлинска пумпа, исто така, помагаат да се направи куќата што е можно поодржлива.
Во внатрешноста на куќата има спална соба и работна соба, заедно со две бањи, како и кујна со трпезарија, перална и дневна соба со двојна висина на подот. На мезанинот покрај другата работна соба и спална соба со бања, има и мала теретана.
Дневната соба, која се наоѓа во срцето на куќата, има фасада во форма на голем застаклен ѕид, што го „нарушува“ монолитното обложување на фасадата од плута. На овој начин, се обезбедува јасна врска со природното во секојдневниот живот на куќата и домаќинството.
Конечната материјализација на ентериерот, како и мебелот се изработени во минималистичка палета која се состои од дабово дрво, керамика и камен.