Аматерскиот фотограф Мартин Ли-Меј, од Есекс, забележал извонредната фотографија на ласица како јава на грбот на зелен клукајдрвец додека лета низ воздухот.
Фотографијата е снимена во паркот Hornchurch Country во источен Лондон минатата недела.
Говорејќи за BBC News, Ли-Меј рекол дека успеал да го овековечи моментот додека се шетал со сопругата Ен.
Тој ризјавил: „Слушнав вознемирувачки звук и се плашев од најлошото. Набрзо сфатив дека станува збор за клукајдрвец со некаков мал цицач на грбот“.
„Мислам дека можеби и го одвлековме вниманието на ласицата, бидејќи кога клукајдрвецот слета, успеа да избега, а ласицата втрча во тревата“.
Снимката е ретвитувана неколку илјади пати.
Експертот за диви животни, Луси Кук, изјави за BBC News: „Ова е навистина извонредна фотографија. Зелениот клукајдрвец е птица што се храни со земја, но ласиците обично напаѓаат зајаци. Клукајдрвецот не е нивни вообичаен плен“.