Зелената запуштена површина од две илјади метри квадратни на крстосницата помеѓу булеварот Јане Сандански и улицата Владимир Комаров, во Општина Аеродром, Град Скопје целосно ја преуреди со цел граѓаните да можат со уживање да ги спроведуваат своите редовни секојдневни активности.
“Ова е новата зелена површина на којашто Градот Скопје работеше изминативе неколку месеци, станува збор за дел од проектот кој го работевме заедно со УНДП, а во кој беа вклучени луѓето коишто живеат во соседството и по основ на анкетите и нивните потреби го уредивме овој простор. Уредена е зелена површина од околу две илјади метри квадратни, ова е втората од четирите коишто ги почнавме есента. На овој простор во целост го обновивме зеленилото што беше запуштено, се сеќавате овде имаше стари трафики и не беа отстранети нивните темели и столбови. Засадивме 350 нови садници од кои 90 високо стеблести и остатокот околу 250 се ниско стеблести садници“, вели Шилегов.
Патеките во скверот се облагородени со дрвени елементи. Исто така, има и патеки кои се наменети за родители со колички за мали деца и лица со посебни потреби.
На скверот се поставени 14 шаховски табли, стилизирана урбана опрема составена од клупи, корпи за џебен отпад и други придружни елементи, а целиот простор е со лед осветлување.
Просторот е осмислен на начин што целосно ги следи потребите и желбите на граѓаните кои живеат во овој дел од Општина Аеродром, а особено е посветено внимание на тоа бетонските елементи да бидат сведени на минимум и зеленилото да биде распоредено да може да се формира раскошни крошни кои ќе обезбедат сенки за посетителите.
Ubav na izgled, no problematicen za upotreba i odrzuvanje. Verojatno preskap, so ogled na predolgata i losa organizacija na izvedba.