Комората на овластени архитекти и овластени инженери денес ќе го одбележи Светскиот ден на инженерството со предавања на тема „СИТЕ ЗАЕДНО ЗА ЧИСТ ВОЗДУХ – ОДРЖЛИВО ИНЖЕНЕРСТВО“, електронски преку ZOOM платформата.
Собирот ќе го поздрави Претседателот на Европскиот совет на инженерски комори – ECEC, господинот Клаус Туридл.
Светскиот инженерски ден го одбележуваат инженерските комори во повеќе од 80 земји https://worldengineeringday.net/event/
Собирот ќе се одржи денес (четврток, 4 мар он-лајн во 12 часот, на овој линк може да се поврзете преку ZOOM платформата https://us02web.zoom.us/j/83925540443?pwd=dE5paDdFL2h6M2lmanF3azVNcFJyUT09
или можете да го следите во живо на Facebook страницата на Комората https://www.facebook.com/komoraoai
Светскиот ден на инженерството за одржлив развој е прогласен од УНЕСКО на 40-тата Генерална конференција во 2019 година. Тој се слави ширум светот на 4 март секоја година од 2020 година. Денот нуди можност да се потенцираат достигнувањата на инженерите и инженерството во нашиот современ свет и да се подобри јавноста разбирање за тоа како инженерството и технологијата се од клучно значење за современиот живот и за одржливиот развој.