Насловна / Архитектура / Мултифункционална сала за е-спортови

Мултифункционална сала за е-спортови

Во Торонто ќе се гради сала во која ќе се одржуваат музички концерти, претстави и е-спортски натпревари. Овој мултифункционален објект е првенствено дизајниран да ја олесни организацијата на е-спортски настани кои стануваат сè попопуларни во светот. Е-спортските настани вклучуваат натпревари што се одржуваат преку електронски системи, а претежно се видео игри.

sala

Проектот е направен од архитектонското студио Populous. Изградбата на салата со седум илјади места се очекува да заврши во 2025 година.

Со својата форма, арената наликува на оклоп на желка, па дури и од одреден агол, вселенски брод и не е дизајнирана како спортска сала или опера, туку како нова типологија, нешто меѓу овие два концепта. Накривена сала заштитена со закосен покрив ја поврзува „старата“ со „новата“ архитектура. Зад закривените стаклени sидови и надворешната платформа, видливи се неколку подови, додека околу работ на покривот има широка лента на екранот што претставува своевидна фасада.

sala1

Идејата за создавање на ваков објект е добиена поради брзо растечката индустрија за игри и е-спортови на глобално ниво. Соодветно на тоа, извршниот директор на OverActive Media, Крис Оверхолт, сопственик на глобални франшизи за е-спортови, вклучувајќи ги и двата тима што стојат зад Торонто, рече дека отсекогаш била нивната намера да градат ваков објект. Тој прецизираше дека нивната цел е да создадат и развијат место кое не само што ќе служи како култен „дом“ за двете франшизи, туку и ќе стане глобален центар за големи меѓународни настани за е-спорт.

Тие се во контакт со водечки луѓе од оваа индустрија со цел да привлечат некои од најголемите е-спортски настани во светот, па се надеваат дека ова место ќе ги редефинира можностите за организирање на вакви настани во Торонто на кој било начин. Покрај овој проект, компанијата Populous ги дизајнираше и стадионот Тотенхем Хотспур во Лондон и стадионот Хард Рок во Мајами.

sala2

Испрати коментар

Scroll To Top