Две станбени згради поврзани со пешачки мост со стаклен покрив ќе станат ново обележје на Киев. Без разлика дали поради оваа спомената карактеристика или поради фасадите покриени со стаклени панели со различни бои и големини, сигурно е дека тие ќе бидат забележани и дека многу граѓани на овој главен град ќе сакаат да живеат токму тука. Секоја кула ќе биде висока 25 метри и ќе се наоѓа во густо населен дел од деловната област во близина на главните културно-забавни објекти.
Покрај атрактивната локација и надворешниот изглед, кулите ќе обезбедат прекрасен панорамски поглед од секој стан и модерен начин на живот. Секако најимпресивното нешто кај овие кули е стаклениот мост што ги поврзува. Мостот на нивото на покривот има возбудлив провиден под. Станарите ќе имаат пристап до многу дополнителни придобивки во форма на рекреативни објекти, базени и слично. На покривот на едната кула ќе има базен долг 25 метри, додека на другата ќе има голема скара и мултифункционален простор за забава и дружење.
Кулите ќе бидат наредени со стаклени панели во различни бои и големини што ќе им даде уникатен архитектонски идентитет. Примарната палета на материјали на непроѕирни стаклени панели и застаклување со високи перформанси е нов и уникатен пристап кон изборот на материјали во Украина. На овој начин, големината на зградата е визуелно намалена. Станбени висококатници се барани во Киев и ги има многу, така што овие кули убаво ќе се вклопат во хоризонтот на главниот град.
Покрај споменатите објекти, кулата ќе вклучува и градинка, теретана, сала за забави и семејни прослави. Ќе биде обезбеден простран катен паркинг, кој ја користи разликата во нивото на постојните соседни улици. Акцентот ќе биде ставен на зелениот отворен простор кој е дизајниран да понуди многу различни единици, како што се парк, тревник, игралиште.
Овој проект нуди удобни апартмани со различна големина со низа внатрешни и надворешни простории за модерен начин на живот, со дополнителни содржини за широк избор на начини за уживање во животот.