Некогаш деловен објект покрај фабрика, а денес модерен и комфорен станбен простор во Берлин. Структурата изградена на средина на отворен просторо, претставува објект во објект. Neulant van Exel го проектирал и изградил „The Living Cube”, објект кој се протега на два ката кој ги содржи сите потребни простории за семејство со деца.
Долниот кат опфаќа две детски соби со стаклени фронтови, кои овозможуваат природно осветлување во тек на целиот ден. Ноќе, и во секој друг дел од денот кога тое е потребно, интегриран систем на завеси овозможува неопходна приватност. На катот е сместена спалната соба и отворената кујна која гледа на големиот отворен дневен боравок кој се наоѓа под неа и околу целиот простор на долното ниво.
Школката на коцката во поголем дел е со црна боја, што создава контраст на белите ѕидови и плафон. Скалите од црн челик ги поврзуваат двата ката и истовремено ги спојуваат двата објекта во еден. Кујната во минималистички стил е опремена со црни елементи кои во позадината се освежени со присуство на дрво, кои заедно со дрвениот под создаваат топлина во проторот.