Насловна / Вести / Oд користени заштитни маски може да се направи асфалт

Oд користени заштитни маски може да се направи асфалт

Низ целиот свет, секој ден се фрлаат 6,8 милијарди заштитни маски за еднократна употреба, кои обично завршуваат во океаните. Австралиските научници развија материјал што го поврзува овој медицински отпад со рециклиран бетон и може да се искористи за изградба на многу издржливи патишта.

Научниците од универзитетот RMIT во Мелбурн долго време работеа на тоа како најдобро и безбедно да ги употребат користените маски за лице.

maski

Во студија објавена во списанието Science of The Total Environment, авторите наведуваат дека спроведениот експеримент покажува како користењето рециклиран бетон со рендани маски за лице може да доведе до изградба на квалитетен и силен асфалт.

Според еден од авторите, користените заштитни маски може да се користат до два слоја на патот. Според нивните проценки, за асфалтирање на патот со две ленти би биле потребни околу три милиони маски на километар, што е околу 93 тони маски.

Овој начин на користење на овој медицински отпад значително би го олеснил неговото отстранување. Бидејќи се изработени од пластика, што многу тешко и бавно се распаѓа, патиштата направени од нив и рециклиран бетон ќе траат подолго.

Со цел да се користи рециклиран материјал за овој вид асфалт, трошоците за изградба и одржување не би биле толку големи. Авторите се загрижени и за тоа предупредуваат, а тоа се високите трошоци за дезинфекција и транспорт на маски од депониите, но сметаат дека можноста за нивно повторно користење сепак е оправдана.

maski1

Од почетокот на пандемијата на коронавирусот, количината на отфрлени маски за лице значително се зголеми и овој отпад се заканува да ја „закопа“ планетата која е веќе покриена со пластика за еднократна употреба, и можеби ова е најдобриот начин за нивна повторна употреба.

Патиштата од рециклирани материјали веќе се прават, во Лос Анџелес една улица е покриена со асфалт направен од рециклирана пластика од користени шишиња со вода. Имено, пластиката што се користи за производство на асфалт е замена за битумен. Според извршените лабораториски тестови, оваа маса е меѓу осум и 13 пати потрајна, а патиштата што се обложени со неа можат да траат двојно подолго.

Во овој град, за почеток е асфалтирана само една улица, откако ќе завршат тестовите, доколку сè оди според планот и другите улици ќе бидат покриени со овој „рециклиран асфалт“.

Испрати коментар

Scroll To Top