Насловна / Архитектура / Дом кој ја отсликува историјата на локацијата и годините живеење на семејството

Дом кој ја отсликува историјата на локацијата и годините живеење на семејството

Овој дом ги комбинира карактерот и наследството од минатото со иновациите и потребите за одржливост на иднината. Сопствениците на овој бунгалов за занаети во северен Ванкувер, изворно изграден во 1912 година, го замислиле како дом кој ја отсликува историјата на локацијата и на нивните 20 години живеење како семејство, но и објект кој е енергетски ефикасен.

2_resize

Во текот на три години, тимот на бирото MGA – Michael Green Architecture, куќата проширил и ја трансформирало во модерен, енергетски ефикасен дом кој ја задржува својата историја и карактер. Оваа куќа е со сертификат Passive House Plus, стандард кој изискува ултра-мала потрошувачка на енергија со намалување до 90 отсто и е чекор подалеку од меѓународно признатиот стандард за пасивна куќа. „Исполнувањето на барањата на Passive House Plus е предизвик, а при реновирање, овие предизвици додаваат уште едно ниво на сложеност на секој аспект на дизајнот“, велат архитектите од MGA.

1_resize

Постоечката структура е обновена за да се зачува наследството и материјалите на куќата со елементи од оригиналната конструкција, фасадата и дрвените прозорци се конзервирани и подобрени за да се подобри ефикасноста. Старото дрво од ела од деконструираниот дел од објектот е пренаменео за да се создаде, мебел и впечатлив лустер. Обвивката со високи перформанси, вклучително и прозорци со тројно застаклување, сокриена е зад наследството на надворешноста на северната половина на куќата, додека современите елементи се појавуваат на јужниот дел, што претставува пример за драматичен, модерен архитектонски дизајн.

8_resize

6_resize

Новиот елемент на куќата е едноставен, модерен волумен што ја рефлектира и надополнува формата и карактерот на постојниот бунгалов. Драматичната конзолна плоча на покривот обезбедува голем покриен балкон кој ја обвиткува главната спална соба. Целиот овој волумен е облечен во „shou sugi ban“ или јагленосана обвивка од чемпрес. Овој традиционален јапонски метод на обработка на дрво, создава убава и богата текстура и обезбедува својствен третман на материјалот кој ја зголемува отпорноста на временските прилики и спречува гниење и инсекти, истовремено намалувајќи ја потребата за дополнителна обработка.

10_resize

Ентериерите се проектирани да ги почитуваат карактерот и историјата на постојниот дом и да го поврзат со новото проширување. Избрана е едноставна палета од природно дрво и бели материјали и минималистичко осветлување за да се обезбеди „платно“ за колекцијата на уметнички дела на сопственикот, додека распоредот со отворен план овозможува да организираат големи собири за семејството и пријателите.

5_resize

9_resize

4_resize

11_resize

7_resize

12_resize

3_resize

 

Испрати коментар

Scroll To Top