Насловна / Вести / Виена ќе ја искористува отпадната топлина од клима уредите

Виена ќе ја искористува отпадната топлина од клима уредите

Отпадната топлина која настанува во текот на работата на клима уредите во деловниот комплекс Vienna International Center (VIC) во Виена, ќе се искористува во системот за топлинска енергија. Со тоа, топлината која досега се предавала на околината, сега ќе овозможува снабдување со топлинска енергија за околу 2400 домаќинства. Во комплексот VIC кој се наоѓа во 22-риот виенски округ, се наоѓаат бројни канцеларии на меѓународни организации, меѓу кои и оние на Обединетите Нации. Клима уредите во комплексот овозможуваат климатски комфор за околу 5000 корисници. Притоа, благодарение на топлинските пумпи инсталирани од страна на виенската енергетска компанија Wien Energie, овозможено е искористување на отпадната топлина која се геенрира при нивната работа. Се очекува дека на овој начин ќе се добијат околу 18 000 MWh топлинска еенргија годишно. Со тоа воедно ќе се намалат еквивалентните емисии на јаглерод диоксид за повеќе од 3400 t  годишно. Инаку, во Виена многу се вложува во примена на обновливи извори на енергија. На пример, познатата прехрамбена индустрија Manner, исто така во соработка со Wien Energie, во погон пуштила постројка која ја искористува отпадната топлина од производните процеси, во своите системи за греење и подготовка на санитарна топла вода.

klimaanlage1

klimaanlage2

Испрати коментар

Scroll To Top