Насловна / Архитектура / Куќа на еден столб за да не се уништува шумата

Куќа на еден столб за да не се уништува шумата

Од студиото Puistio дизајнирале објект наречен Niliaitta и го сместиле длабоко во шумата, во близина на Националниот парк Саламајарви во Финска. Куќата е всушност дел од новото одморалиште во Кивијарви, чиј дизајн е инспириран од подигнатите дрвени згради што домородците Сами ги користеле за безбедно чување храна на отворено, пишува Dezeen.

kuka

Целта на студиото Puistio било да и оддаде почит на историјата на културата на староседелците на овие простори и истовремено да создаде простор што ќе им овозможи на посетителите чувство на изолација од надворешниот свет.

“Идејата е дека со едноставно кревање во воздухот, ние веднаш се чувствуваме поодделени од секојдневните грижи што се случуваат на земјата. Контрастот меѓу дивината и сигурноста во навлечениот внатрешен простор е нагласен во текот на целиот ден“, објаснуваат архитектите.

kuka1

При планирањето на проектот имале предвид за одржливоста и зачувувањето на постојната природа, така што Niliaitta со својот единствен столб во контакт со земјата има минимално влијание врз шумската средина. Исто така, планирана е положбата на колибата и нејзиниот пристапен дел за да се минимизира бројот на дрвјата што треба да се отстранат за време на изградбата.

kuka5

“Иако основата на скалилото е масивна, тоа ни овозможи да ја вратиме природата околу скалите во првобитната состојба“, додаваат архитектите.

Дрвениот финиш во црна боја дополнително придонесува за спојување на објектот со природата, а фасадното обложување е поставено вертикално за да одговара на околните стебла на дрвјата. Долгото линеарно скалило е продолжение на малата тесна патека што минува низ шумата што води кон вилата.

kuka4

И покрај фактот дека објектот Niliaitta се наоѓа на оддалечена локација, во длабока природа, целта на студиото Puistio била куќичката во внатрешноста да ги има истите објекти што може да се најдат во модерна хотелска соба.

Ова исто така значи дека сместувањето е целосно поврзано со локалната канализациона мрежа, вода и електрична енергија, користејќи скриен дискретен систем зад скалите за инсталирање на врските.

kuka2

Во ентериерот доминира светло, неутрално дрво за да се задржи фокусот на околина што може да се види преку прозорците од подот до таванот.

Куќата Niliaitta ќе биде првата од 25-те згради што се планираат да бидат изградени во шумата во одморалиштето Кивијарви. Во близина на овој објект се планира да се изградат голем број други објекти, од кои некои ќе се градат на ниво на земја, додека некои ќе лебдат на површината на блиското езеро, близу до сауната и конференцискиот центар.

kuka3

kuka6

Испрати коментар

Scroll To Top