Насловна / Вести / Европа го добива првиот мал нуклеарен реактор. Колку е безбеден?

Европа го добива првиот мал нуклеарен реактор. Колку е безбеден?

Естонија планира во наредните десет години да ја изгради својата прва нуклеарна електрана и воедно првиот мал модуларен реактор (SMR) во Европа. На тој начин ќе се обезбеди стабилно и поголемо производство на електрична енергија. Новата нуклеарна постројка би требало да биде сместена околу 100 километри од главниот град Талин, на брегот на Финското море. Една од клучните причини за реализацијата на овој проект се климатските цели. Естонија според штетните емисии во производството на електрична енергија е прва во ЕУ. Естонската влада дури неодамна донела одлука со која до 2035 година, од употреба треба да се исклучат сите електрани кои работат на нафтени шкрилци. Белгиската компанија Tractabel ќе инвестира во естонската фирма  Frmi Energia, која е носител на овој проект, и ќе стане акционер. Советодавна улога во проектот ќе има финскиот енергетски конзорциум Fortum.

Малите модуларни реактори  (Small modular reactor) се сметаат за побезбедни од класичните реактори и можат да работат и во близина на градовите. Светското нуклеарно здружение (WNA) под поимот SMR подразбира нуклеарни реактори со моќност до 300 MW, кои за разлика од големите централи, имаат модуларна изведба.  Тоа значи дека многу фабрички изработени делови се носат на местото на електраната, што значително ја забрзува и поефтинува изведбата.  Според податоците на Меѓународната организација за атомска енергија (IAEA) во светот моментално постојат околу 50 дизајни и концепти за изградба на SMR, кои се главно во експериментална фаза. Единствените четири вакви електрани кои се во завршна фаза на изградба се лоцирани во Аргентина, Русија и Кина.

estonia1

Засега Естонија нема ниту една нуклеарна електрана, а против изградбата на конвенционална нуклеарна електрана од третата генерација главно се испречени високите трошоци, долгиот период на изградба и финансиските ризици. Заговорниците за изградба на SMR во Естонија тврдат дека во прилог на овој концепт оди можноста за вградување на стандардизирани модули, како и помалите трошоци.

estonia2

estonia3

Во 13 земји на ЕУ, работат вкупно 106 нуклеарни реактори, кои произведуваат 26% од електричната енергија во ЕУ, согласно податоците од 2019 година. Најголем производител е Франција со 52,1% удел во вкупно произведената енергија од нуклеарни централи во ЕУ. Следуваат Германија, Шведска и Шпанија.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top