Канцеларискиот простор на Spicebox е дизајниран од јапонското студио Nando. Се работи за фирма која е сеопфатна дигитална агенција, а работи во доменот на стратегиско планирање и креативен дигитален маркетинг. Името на фирмата ја симболизира способноста да се спроведе изненадување и задоволство, како и различни стимули кои доаѓаат со отварањето на една кутија, па така во внатрешноста на канцеларискиот простор се сместини седум слободостоечки кутиести места за состаноци, сите со различна големина и обработка кон надвор.
Секоја кутија е отворена различно така што на многу суптилен начин се поврзуваат екстериерот со ентериерот, при што се созадава просторно искуство во кое секоја кутија се открива себеси кога поминувате покрај неа. Меѓутоа, главната идеја не била да се криераат само собите за состаноци, туку и просторот околу нив како активен работен и канцелариски дел каде вработените можат лесно да соработуваат и комуницираат.