Schneider Electric, лидер во дигиталната трансформација на управувањето со енергијата и автоматизацијата, е прогласен за најодржлива корпорација на светот во престижната годишна листа на Corporate Knights, медиска и истражувачка компанија која се занимава со достигнувањата во областа на корпоративната одржливост.
Првото место на оваа листа на „Глобални 100 најодржливи корпорации на светот за 2021 година“, претставува огромен скок за Schneider Electric, кој мината година бил на 29-тото место, и претставува стручна екстерна потврда на долгорочната посветеност на прашањата од областа на заштитата на животната средина, општеството и корпоративното управување (ESG – Environmental, Social, Governance). Ранг листата на Corporate Knights за 2021 година е составена врз основа на оценувањето на 8080 корпорации со приход поголем од милијарда УСД. Еден од показателите е уделот на енергија од обновливи извори и количината на генериран отпаад. Оваа година се воведени нови критериуми како што се боледувања, расна разновидност на извршните и управните позиции и „чисти“ инвестиции. Кај Schneider Electric е потенциран константниот фокус на производи и услуги кои им помагаат на корисниците во поефикаснио и побезбедно управување со своите енергетски потреби. Schneider Electric меѓу првите ја усвои EGS стратегијата, и во изминатите 15 години константно и амбициозно ги проширува целите во областа ан одржливоста. Најновата стратегија за одржливост, претставена на 25-ти јануари, опфаќа шест нови долгорочни обврски и 11 конкретни цели до 2025 година.