Насловна / Арт и дизајн / Нова декоративна колекција со потпис на мајстор

Нова декоративна колекција со потпис на мајстор

Понекогаш враќањето на старите идеи навистина може да се исплати, а британскиот дизајнер Том Диксон тоа го докажува.

Подарокот изгледа посупериорен кога е спакуван иновативно, храната има подобар вкус кога е вешто претставена, а овошјето е посочно кога се сервира во новата колекција Cloud, од студиото Том Диксон. Линијата Cloud, која славниот дизајнер ја претстави на Неделата на дизајнот во Стокхолм го чува значењето на рачната изработка.

4_resize

Колекцијата Cloud е голема скулпторска чинија направена од високо рефлектирачки полиран алуминиум. Садовите и послужавниците го добиваат својот необичен изглед благодарение на мајсторите од Индија кои работат во метал и намерно оставаат траги од чекан додека ги формираат различните вдлабнатини на секој сад.

1_resize

2_resize

„Знаев дека сакам нешто заоблено и асиметрично. Мислам дека луѓето сè повеќе се во потрага по парчиња што изгледаат понежни. Кога поминуваме неверојатно многу време пред нашите компјутери, сакаме да имаме нешто помалку синтетичко во нашите животи“, вели славниот дизајнер.

3_resize

Гломазните форми на колекцијата Cloud не само што се убави за гледање, туку се и функционални – секое парче има своја конкретна намена, без разлика дали станува збор за овошје или шише шампањ. „Сакав да создадам големи, дарежливи садови, кои можат да се користат на многу начини“, објаснува Диксон.

6_resize

7_resize

5_resize

Испрати коментар

Scroll To Top