Насловна / Арт и дизајн / Човекот на Виртувиј

Човекот на Виртувиј

Заедно со Мона Лиза, Тајната вечера и некои други, веројатно најпознати слики во историјата на уметноста, позади прочуениот италијански ренесансен сликар Леонардо да Винчи останаа и неколку тетратки преполни со скици.

v1

Проучувајќи како изгледа фетусот во матката, како се движат зглобовите, каква е анатомијата на човечкиот череп, скицирајќи растенија, физички појави, машини, тој дал огромен придонес не само во уметноста, туку и во науката.

Леонардо е роден во малото место Винчи во Тоскана, како вонбрачно дете. Неговиот богат татко подоцна неколку пати се женел и добил уште 12 деца, кога Леонардо веќе бил момче и подоцна во средните години. Со 14 години Леонардо станал чирак во една од најпознатите уметнички работилници во Фиренца, која ја раководел славниот Андреа дел Верокио. Набљудувајќи ги Верокио и другите големи уметници, кои на истото место престојувале и твореле, Леонардо научил бројни занаети и уметнички и технички вештини, се запознал со хемија, металургија, механика, работел со кожа и други материјали.

v2

Леонардо бил фасциниран од природата, детално ја проучувал и се обидувал да ја имитира. Цртал најразлични механички животни, вклучувајќи птици, вилински кончиња, па дури и механички човек – витез за кој се претпоставува дека можел да се движи, поместува рацете, главата, вилицата. Витезот го направил за да му удоволи на својот покровител Лудовик Сфорца, и за да ги забави и фасцинира неговите гости на забавите во палатата Сфорца во Милано.

Еден од најпознатите цртежи на Леонардо е Човекот на Виртувиј (или „Пропорции на човечкото тело според Виртувиј“), заснован на работата на прочуениот римски архитект. Белешките покрај сликата која настанала околу 1487. година, направена со туш и перо на хартија, зборува за пропорциите на човекот: должината на дланката е 1/10 од висината на човекот, распонот на рацете е еднаков на неговата висина, растојанието од лактот до пазувите изнесува 1/8 од висината на човекот, дланката е широка колку и четири прста. Цртежот се чува во Галеријата дел Академија во Венеција и само повремено се изложува во јавноста.

 

Испрати коментар

Scroll To Top