Насловна / Арт и дизајн / Подводен еко-музеј во Франција

Подводен еко-музеј во Франција

Атракцијата со скулптури на скулпторот Џејсон Тејлор е првиот подводен еко-музеј во Франција и Медитеранот.

Подводниот еко-музеј се состои од шест статуи високи над два метра и изработени од еколошки морски материјали. Тие се поставени на бел песок, меѓу морските треви, а плитката длабочина и близина на брегот на Света Маргарита го прават овој подводен еко-музеј лесно достапен.

eko

Статуите тешки десет тони поттикнуваат враќање на подводната флора и фауна и ги покануваат посетителите да нуркаат на длабочина од три метри и да размислат колку штета им нанесуваме на океаните.

Скулптурите ќе еволуираат со текот на времето, станувајќи дом на алги, школки и корали. Тоа ќе биде составен дел од морскиот екосистем, обезбедувајќи прибежиште за подводната флора и фауна.

Еко-музејот е инспириран од „Човекот со маска од железо“. Секоја статуа изгледа како да е покриена со маска, за да се оживее историјата на островот каде сè уште живее човек со железна маска – познат затвореник кој ја издржал казната на островот Света Маргарита меѓу 1687 и 1698 година.

eko1

Статуите чии лица се поделени на два дела се метафора за океан кој е моќен и силен, а во исто време е многу ранлив и е изложен на уништување.

Со своите дела, уметникот сака да каже дека е крајно време да престанеме да ја уништуваме природата. Делата на Тејлор, покрај во Франција, беа изложени и во водите на Канкун, Осло, Гранада, Ланзаротеа, Бахамите и Темза.

 

Испрати коментар

Scroll To Top