Насловна / Арт и дизајн / Енди Ворхол по 40. години во Виена

Енди Ворхол по 40. години во Виена

Енди Ворхол, два збора на кои не им е потребен посебен вовед. Во виенскиот музеј  MUMOK (Мuseum Мoderner Кunst Ѕtiftung Ludwig Wien) истовремено се одржуваат три изложби кои црпат инспирација од неговата работа, ја покажуваат неговата креативност и овозможуваат понијансирано разбирање на неговата уметност и нејзиното место во историјата.

2

Од 25 септември 2020 до 30 мај 2021 година MUMOK е предаден на Ворхол со три истовремени изложби кои оддаваат почит на неговата работа и креативност. Уметник на изложби, уметник на инсталации или можеби кустос? Изложбата е блескава и претставува ретко прикажувани дела на светски познатата Pop Art икона.

6

Ворхол последен пат изложувал во MUMOK за време на својот живот во 1981 година. Неговото творештво 40 години подоцна е прикажано во сеопфатен културно – историски контекст. Изложбите „Misfitting Togehther“, „Andy Warhol Exhibits“ и „Defrosting the Icebox“ го претставуваат Ворхол како револуционерен уметник на изложби и инсталации.

9

За прв пат, на публиката и е даден преглед на изложбената пракса на уметникот. Може да види еден од најраните примери на изложба на колекции курирана од уметник.

И покрај тоа што една от трите изложби – Defrosting the Icebox нема никакви дела од самиот уметник, таа содржи неколку стратегии за презентација на Ворхол, кој ги креирал традиционалните музејски стандарди: Наместо да даде приоритет на визуелните уметности, Ворхол ги изложил уметничките применети.

boks1

boks2

Овој пресек на неговото дело со овие три изложби, дава еднаква вредност на безбројните медиуми кои го користел Вархол и покажува дека неговите начини на презентација треба да се сфатат како битен дел од неговиот опус.

3

8

7

Испрати коментар

Scroll To Top