Насловна / Вести / Владата на Црна Гора раскина седум договори за изградба на мали хидроцентрали

Владата на Црна Гора раскина седум договори за изградба на мали хидроцентрали

Црна Гора одлучно се бори против изградба на мали хидроцентрали (МХЕ). Раскинати се седум договори за концесија според кои беше предвидена изградба на МХЕ на водотеците на оваа земја. Како што истакнуваат од Министерството за капитални инвестиции, раскинати се договорите за изградба на МХЕ на водотеците на Ѓуричка река во Плав, Бистрица во Бијело Поње, Буковица во Шавник, Режевица во Будва, како и Љевишка и Раштак во Колашин. На реката Раштак била предвидена изградба на две МХЕ, за кои биле веќе потпишани и два договори за концесија.

Стихиската изградба на МХЕ негативно ќе се одрзаи на сите граѓани, имајќи во предвид дека досега се поднесени пет тужби пред Стопанскиот суд за надомест на штета“, велат од Министерството. Од „Коалицијата за одржлив развој“ (КОР) изразуваат поддршка на Владата за овие свои ослуки, но истовремено повикуваат на преиспитување на одговорноста на државните службеници кои издавале дозволи за изградба на МХЕ.

Светската организација за заштита на природата покрена кампања против изградбата на МХЕ на Балканот. Субвенциите за производителите на електрична енергија од МХЕ претставуваат главна причина зошто ширум Западниот Балкан се планирани околу 2700 МХЕ. Доколку тоа се случи, стотици речни текови ќе бидат уништени, а трајно ќе бидат изгубени околу 5000 километри недопрени реки.

mala-he2

Испрати коментар

Scroll To Top