Дворот, во кинеската архитектура, не е само традиција на физички простор, туку е и јадро на емоции и комуникација. Им помага на луѓето да ја задржат кохезијата во семејството и да ги зајакнат контактите со пријателите и роднините и на прикладен начин да ги поврзат природата и универзумот. Сепак, ова наследство денес е веќе невозможен сон за повеќето граѓани од урбаните средини.
Оваа градинката лоцирана во нова станбена населба во близина на северозападен Шангај е дел од урбанистичкиот план за изградба на јавни објекти. Иако е сместена на тесна локација од 7.400 квадратни метри за сместување на 15 училници, архитектите од бирото Scenic Architecture Office сакале на градинката да и обезбедат дворно опкружување за децата да ја перцепираат природата, препознаат општеството и да се изградат себе со сеќавање на животот во дворот.
„На дворовите им се потребни оградени единици. Следејќи ја западната косина на локацијата ги организиравме единиците во форма на буквата „W” за да заработиме максимална сончева светлина од запад, југ и исток, а за обликот на единиците користиме шестоаголник. Составот на саќе подобро одговара на косата ивица, пружа подинамични внатрешни и надворешни простори со чувство на концентрација при разредување на монументалноста на оската на традиционалниот четвороаголен двор. Завршивме со неправилна шестоаголна единица за училница или за двор. Три од шесте страни дизајнирани се на ист начин за да се прилагодат на пофлексибилна комбинација според потребите на сончева светлина и функционалност“, велат архитектите.
Колективните активност во училницата ги обиколува кружен столб во центарот на просторијата, додека тим или поединци можат да ги користат испакнатите прозорски простори долж ѕидот за читање и пишувње или да се грижат за своите мали растенија. На секои две училници има заеднички простор во дворот со директни внатрешни и надворешни врски.
Тргнувајќи од сопствените дворови, децата можат да го започнат своето патување до други места, вклучувајќи библиотека, музичка соба, соба за ликовни уметности, трпезарија, мултифункционална просторија, мала фарма и другите училници во другите дворови. Децата на вториот и третиот кат, исто така можат да се приклучат на големите игралишта преку две наткриени надворешни скали, и од источната и од западната страна.
„Поврзувајќи различни внатрешни и надворешни простори во различни димензии и на различни места во ходниците, секое излегување на децата го правиме доживување на допирање на „природата“ и „општеството“. Ние веруваме дека сите овие искуства на истражување, согледување и комуникација би станале дел од нивните скапоцени спомени од детството на несвесен и здрав начин“, велат архитектите.