Новак Ѓоковиќ во Мелбурн, градот каде светскиот рекет број еден освои осум гренд слем титули, доби интересен мурал. Муралот е дело на локалниот уметник Monty Paink кој е ангажиран од Australian Open да креира мурали на тениските ѕвезди во Melbourne Park. Тој направи „тениска серија“ која се состои од пет уметнички дела.
Покрај Ѓоковиќ, прикажани се и Рафаел Надал и тенисерките Серена Вилијамс, Наоми Осака и Ешли Барти.
Кога австралискиот новинар Luk Denehi го извести Ноле за муралот, на кој е прикажан токму најдобриот тенисер на светот, Ѓоковиќ на Twitter одговори: „Ова е неверојатно!“