Насловна / Вести / Пандемијата дополнително ја ослабела пазарната позиција на термоцентралите на јаглен

Пандемијата дополнително ја ослабела пазарната позиција на термоцентралите на јаглен

„Електроенергетскиот сектор има пресудна улога во декарбонизацијата, а и пред пандемијата во оваа сфера во тек беше динамична трансформација“, се вели во трудот објавен во Nature Climate Change. Групата автори, од кои повеќето од германскиот институт PIK од Потсдам во Германија, потсетува дека постројките на обновливи извори во последните години се во подем, благодарение на падот на трошоците и подобрувањето на перформансите.  Фосилните горива, и тоа првенствено јагленот и природниот гас, и натаму се главен извор на електрична енергија во најголем број земји, но исто така ќе се покаже дека емисиите на  CO2  од електроенергетскиот сектор уште во 2018 година дошле до својот максимум на глобално ниво. После намалувањето во 2019 година, минатата година е забележан значителен пад помеѓу 4,9 и 9 %, се истакнува во научниот труд. Според наодите од истражувањето, средното ниво било 6,8%.

decarb1

Во текот на првите три квартали од 2020 година, месечната побарувачка од електрична енергија во Индија, САД и Европа, се спуштила и до 20% во споредба со истиот период претходната година, додека притоа во некои случаи емисиите на CO2 биле преполовени. Авторите напоменуваат дека при намалувањето на побарувачката прво се исклучуваат електраните кои имаат најголемите варијабилни трошоци.

decarb2

Електраните на јаглен и природен гас се оптоварени со значителни трошоци за гориво, за разлика од оние кои користат нискојаглеродни извори – посебно ветерните фарми, соларни паркови и нуклеарки. Уделот на трошоците за експлоатација, пренос и одржување, кај јагленот е повисок отколку кај природниот гас. Природниот гас е поскап, но падот на цената на тоа гориво беше значителен, а трошоците за јаглен ги одржа системот за тргување на емисии на Европската унија, познат како ЕТС. Научниците од Потсдам напишале дека најдобра поддршка на транзицијата во споменатиот сектор е јакнењето на системот за наплата на емисиите на јаглерод и укинување на субвенциите за фосилни горива. Додале дека исто така би требало да се поттикне технологијата за производство на електрична енергија од ветер и сонце и други нискојаглеродни извори. Системот на тргување со емисии на CO2 е незаменлив на среден рок. Авторите подвлекле дека производството на електрична енергија од фосилни горива се намалува во периодите кога капацитетите од нискојаглеродните извори, вклучувајќи ги и хидроцентралите, се шират побрзо од растот на побарувачката од електрична енергија. Наведуваат дека и натаму е можно до 2024 година учинокот на постројките на фосилни горива и емисии да растат, но дека би го надминале максимумот од 2018 година единствено доколку побарувачката многу се зголемува или во случај на слаб развој на нови постројки на нискојаглеродни извори. Моменталните планови за изградба на термоцентрали на јаглен се соочени со многу непосредни ризици од заробување на капиталот, како поради брзите промени во технологијата, така и поради грижата за климатските промени.

decarb3

 

Испрати коментар

Scroll To Top