Насловна / Вести / Прв патнички лет во историјата, на одржливо синтетичко гориво

Прв патнички лет во историјата, на одржливо синтетичко гориво

Авиокомпанијата KLM, благодарение на соработката со Shell и холандското Министерство за инфраструктура и управување со води, го реализираше првиот комерцијален патнички лет на одржлив синтетички керозин. Оваа вест е неодамна објавена во текот на Меѓународната конференција за синтетичко одржливо гориво (SAF) во Хаг. На патничкиот лет на KLM, на релацијата од Амстердам до Мадрид, користена е смеса од одржлив синтетички керозин, кој компанијата Shell го произвела во својот развоен центар во Амстердам. Горивото е произведено на база на јаглерод диоксид, вода и обновлива енергија која потекнува од сонце и ветер. Тој вид на гориво гарантира намалување на емисиите на CO2 за повеќе од 85%.

klm2

klm1

Испрати коментар

Scroll To Top