Бруто количината на енергија, е енергијата која е потребна за задоволување на енергетските потреби на земјата или регионот, а во 2019 година фосилните горива сочинувале 71% од бруто расположивата енергија во Европската унија од 27 земји членки. Овој процент се намалил во текот на последните децении, поради пораст на уделот на енергијата од обновливите извори. Но, според Eurostat, од 1990 година до денес, уделот на фосилните горива се намалил за само 10,9%. Во 2019 година, Малта (97%) била земја членка со најголем удел на фосилни горива во бруто расположивата енергија, а следуваат Кипар и Холандија (по 92%), Полска (90%), Ирска (89%), Грција (86%) и Луксембург (82%). Поголемиот број од државите имале удел помеѓу 60 и 80%, а просекот е 71%. Само Шведска (32%), Финска (43%) и Франција (50%) имале удели под 60%. Најголем пад на уделот на фосилни горива е забележан во Естонија – 12 процентни поени.