Австриската нафтена и гасна компанија OMV, соопшти дека во склоп на новиот пакет во рамките на програмата за реструктуирање, има намера да го продаде својот бизнис во Словенија. OMV во моментот управува со 120 бензински пумпи во Словенија, под брендовите OMV, Eurotruck, Avanti i Diskont. „Продажбата на бензинските пумпи е нов чекор во оптимирањето на портфолиото на компанијата“, јавуваат од OMV. После Petrol, OMV е втор по големина словенечки дистрибутер на нафтени деривати.