Проектот за реконструкција на семејна куќа во областа Toyono-cho во Осака, градена од 1967 до 1979 година, работен е многу внимателно, со оглед на тоа дека се наоѓа во дел во кој има многу жители кои тука живеат околу 40 години. Меѓутоа, ова предградие е многу популарно затоа што има многу зеленило во околината, погодно за поубав живот. Тоа е место каде што можете да уживате во богатата зелена околина.
Овој проект на архитектонското биро SAI Architectural Design од Јапонија, се базира на идејата за „внесување“ на воздухот од шумата во куќата. Предвиден е простор со отвори на север и југ, така што богатиот шумски пејзаж може да се види во самата населба. Овој наткриен простор спојува два дела од куќата, од улицата до шумата.
Големиот простор е проектиран да ги поврзе природата и луѓето. Оставајќи го отворен, различни амбиенти стануваат дел од објектот, обезбедувајќи место за активна комуникација со соседите. Децата можат да трчаат внатре и надвор, да си играат во базен или да уживаат во скара на големата тераса.
Исто така, просторот служи и како место за комуникација со пријателите и соседите, а може да се користи и како продавница, галерија и кафуле. Од друга страна, ако го затворите тој простор, луѓето ќе се соберат и ќе се релаксираат во него и тој ќе стане дневна соба што може да се користи за што било, 24 часа на ден. Внатрешноста на другите два дела е замислена како животен простор каде висината на плафонот е спуштена, со цел да се добие мирен простор, со големи прозорци, кои кога ќе се отворат создаваат визуелна динамика, бидејќи шумата станува сценографија.
Големиот покрив, со распон од приближно 9 метри, кој го наткрива овој простор, поддржан е од вкупно 10 столба, пет на источниот и пет на западниот крај, обезбедувајќи слободен простор.
Овој проект е пример дека во иднина начинот на живот на луѓето се менува дури и во оваа земја со потенцијал за поактивно обновување на домувањето.
Авторите посочуваат дека повеќе не е можно да се проектираат домови каде што луѓето се враќаат од работа и стануваат изолирани. Покрај создавањето простор за живеење, постои интерес и за архитектура која може да одговори на потребите на луѓето кои покажуваат различни активности 24 часа на ден и можат да се прилагодат на различни услови за живеење.