Зградата, која порано била црква Свети Марко, се наоѓа на Фулам Роуд во Лондон, а неодамна е претворена во луксузен дом со базен, кој се продава за 19,5 милиони фунти.
Црквата Свети Марко е претворена во куќа во која има пет спални соби, теретана, кино и базен. Се простира на 808,7 квадратни метри, а има и простор за миленичиња.
Со иновативен дизајн и разработен ентериер, оваа престижна градска куќа нуди интересна комбинација на историја и модерно луксузно живеење.
Куќата на Свети Марко првично е дизајнирана од викторијанскиот архитект Едвард Блор во 1841 година, најпознат по неговиот придонес во дизајнирањето на Бакингемската палата и Владината куќа во Сиднеј, Австралија.