Насловна / Архитектура / Најдобар објект во најодржливата пловечка населба во Европа

Најдобар објект во најодржливата пловечка населба во Европа

Во рамките на најодржливата пловечка населба Шуншип, која се наоѓа во старото индустриско предградие на Амстердам, неодамна е завршена зграда што се издвојува од другите. Проектот е направен од холандското архитектонско студио i29 Architects и се карактеризира со впечатлив закосен покрив и „идеално“ искористен простор. Покрај оваа зграда, пловечката населба содржи уште 45 одржливи станбени згради кои се поврзани со „паметен“ мол. Тие се поврзани на една мрежа, споделувајќи ресурси како што се сончева енергија, вода, отпад, па дури и електрични автомобили.

objekt

Оваа лебдечка заедница беше дизајнирана од студиото за просторен дизајн Space & Matter чија идеја беше да се создаде населба што ќе ги илустрира придобивките од одржливиот живот во заедницата, со усвојување на принципите на циркуларната економија. Замислен е како урбан екосистем вграден во градското јадро што целосно користи енергија и вода од околината и ги користи повторно, потоа го минимизира отпадот, но исто така создава простор за одржување и проширување на биодиверзитетот.

objekt1

Зградата, дизајнирана од i29 Architects, има дрвена граѓа обоена во црно и е со закосен покрив, има отворен дневен простор и многу природна светлина. Наклонетиот покрив е специјално дизајниран да овозможи оптимизација на внатрешниот просторен план, а истовремено да обезбеди влез на сончева светлина во сите три нивоа. Овие нивоа се поврзани со цик-цак скалило и создаваат простор со високи тавани како оние во црквите кои нудат дополнително чувство на отвореност. Ова во комбинација со големиот аголен стаклен атриум овозможува дневна светлина да се филтрира низ целата зграда.

objekt2

Во подрумот има две еднокреветни спални соби, заедничка бања, просторија за перење и отворена дневна соба, што исто така може да послужи како работна соба. Стаклените прозорци од подот до таванот лоцирани на мезанинот, на дневната соба и овозможуваат поглед на вода и природна светлина. Спалните соби имаат и стаклен ѕид и врата, така што сончевата светлина може да достигне и овде и да се избегне чувството дека е затворена. Вториот кат содржи главна спална соба, бања и дополнителна дневна соба, додека третото ниво има отворен простор со голема модерна кујна, трпезарија и пристап до голема отворена тераса.

objekt3

Куќата е енергетски ефикасна, еколошка и изградена со мал јаглероден отпечаток. Има добра изолација, инсталирани соларни панели на покривот и одвоени системи за третман на отпадни води од тоалетите и тушевите. За греење користи пумпа поврзана со канал. Вишокот енергија се складира за понатамошна употреба. Има поглед на вода од скоро секое место во куќата.

objekt4

Испрати коментар

Scroll To Top