Насловна / Вести / Никој не видел што се предвидува со урбанистичкиот план за Треска

Никој не видел што се предвидува со урбанистичкиот план за Треска

Деталниот урбанистички план за Треска е донесен кон крајот на мината година, но јавноста сеуште не го видела. Ниту досега е одржана јавна презентација и спроведена јавна анкета. На локацијата пред две недели, по налог на градоначалникот на Општина Сарај Блерим Беџети со механизација на општинското јавно претпријатие се уриваат објектите на езерото, се бара камперите да го напуштат комплексот. Во меѓувреме градоначалникот го крие планот и јавноста не знае што таму ќе се гради. Од порталот САКАМДАКАЖАМ.МК, велат дека со денови од градоначалникот барале ДУП-от да биде презентиран и достапен, но тој се правдал дека планерот бил на боледување, а потоа престанал да одговара на нивните повици и пораки.

tr

Езерото Треска беше под надлежност на Град Скопје до ноември 2013 година, кога Владата на ВМРО-ДПМНЕ го предаде во владение на Општина Сарај. Тогашниот градоначалник на Сарај Беким Мурати најавуваше дека Треска ќе прерасне во нова туристичка атракција во Скопје, дека има заинтересирани странски инвеститори, најмногу од Турција, но досега тоа не се реализираше, бидејќи не беше донесен ДУП.

tr1

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, кој во својата изборна програма ветуваше враќање на сјајот на езерото Треска со јавно-приватно партнерство, или не ја знаел состојбата со комплексот „Езерото Треска“ или само ветувал, па сега вели: „Мене ми е многу жал што се дозволи езерцето од ингеренции на Градот да премине на Сарај и ние сега и да сакаме немаме формално моќ да го земеме под нас. За тој дел постои одлука од Владата за прогласување на туристичка зона и детален план според кој ќе се уреди просторот. Би било добро планот да биде презентиран на јавноста за луѓето да знаат за што станува збор и тоа градоначалникот Беџети требало да го направи пред да почне со градежните работи. Сметам и дека за камперите може да се најде решение и има доволен простор тие да останат таму”.

tr2

Минатата година Владата дел од земјоделското земјиште во селата  Глумово и Шишево, кое се наоѓа околу езерото, го пренамени во градежно за да може Општина Сарај да направи Детален урбанистички план. Тогаш од Владата изјавија дека оваа одлука е донесена за да може во овој дел да се планираат површини за градење и да се гради викенд населба, хотелски комплекс и спортско-рекреативен центар за развој на еко туризам, со што воедно ќе се врати во функција и езерото.

Испрати коментар

Scroll To Top