Насловна / Архитектура / Во Норвешка ќе се гради музеј за набљудување китови

Во Норвешка ќе се гради музеј за набљудување китови

Музејот наречен „Кит“, кој ќе се наоѓа во Норвешка, на островот Андеја, околу 300 километри северно од Арктичкиот Круг, ќе треба да биде завршен во 2022 година.

muzej1

Данското архитектонско студио „Дорте Мандруп“ го објави изгледот на музејот кој истовремено ќе биде и едукативен центар, а со својот облик ќе наликува на кит. Тој ќе служи и како отворена платформа за набљудување китови.

muzej

Областа околу островот Андеја е совршено место за набљудување китови, бидејќи е длабок морски кањон, што им овозможува на овие животни да се хранат блиску до брегот.

Структурата на објектот, која ќе биде заоблена, ќе потсетува на огромна карпа која расте од пејзажот.

Во нормални околности, околу 50 илјади туристи годишно доаѓаат на Андеја за да гледаат китови.

muzej2

muzej3

Испрати коментар

Scroll To Top