Модерна куќа за одмор, дизајнирана од иранското студио Shomali Design, е зачудувачка реинтерпретација на традиционална планинска вила со спуштен покрив.
Иранската компанија излезе со предлог за тоа како традиционалниот А-облик на куќата може да се претвори во модерна форма со цел да се зајакне врската со природната средина и да се понуди нов дизајн на планинската куќа.
Студиото ја смести својата визуелизација во пошумениот пејзаж на северен Иран. А, токму од таквата средина дизајнерскиот тим ја црпел инспирацијата за дизајнот на куќата.
Дрвото со светол тон доминира во внатрешноста на куќата, а најимпресивни се заоблените sидови покриени со дрвени облоги. Двата sида се наведнуваат малку кон небото, оставајќи простор меѓу нив.
Целиот вертикален преден и заден дел на куќата е обезбеден со стаклена фасада што ја следи неправилната форма на ѕидовите.
Благодарение на големите стаклени панели, многу светлина влегува во внатрешноста, а сопствениците можат да ги апсорбираат убавините на природната средина од удобноста и топлината на куќата.
Не помалку привлечна е внатрешноста, низ чиј центар се протега необичен стаклен тунел.
Отворен на горниот дел од куќата, тунелот овозможува продирање на дополнителна светлина, но и врнежи – дожд и снег.
Куќата содржи сè што ви треба за удобен престој во природа.
Пред куќата има резервоар кој собира дождовница што се излева од тунелот.
Оваа куќа е совршено решение за сите оние кои сонуваат за беспрекорно дизајниран дом, во кој никогаш нема да изгубат контакт со природата.