Насловна / Вести / Голем раст на потрошувачката на биометан во Европа

Голем раст на потрошувачката на биометан во Европа

Денес во Европа се произведува 167 TWh или 15,8 милијарди m3 биогас, односно 26 TWh или 2,43 милијарди m3 биометан. Освен тоа, нивното производство до 2030 година би можело да се удвои, а до 2050 година да се зголеми четири пати. Ова е наведено во статистичкиот извештај за 2020 година на Европското здружение за биомаса (EBA), во кој се анализирани 19 европски земји, односно нивните постигнувања во областа на биогасот.

eba1

До крајот на 2019 година, Во Европа биле во погон дури 18943 постројки за производство на биогас и 725 постројки за производство на биометан. Тоа покажува дека биогасот може значајно да придонесе во декарбонизација и одржливост на енергетиката. Производството на биометан во Европа во 2019 година било зголемено за 15% во однос на претходната година, што е најголем раст досега. Притоа, Франција е најзначајна земја во областа на примената на биометан во Европа, бидејќи има повеќе од 1000 проекти за негова примена. Од друга страна, дошло и до промени во технологиите за производство на биометан, односно поместување од класичното производство преку користење на енергетски насади кон други извори како што се земјоделски остатоци, биоотпад и комунален отпад и остатоци од прочистувањето на отпадни води. Всушност ретко која постројка за производство на биометан изградена после 2017 година користи енергетски насади. Во согласност со тоа, се очекува вкупното производство на биогас и биометан во 2030 година да достигне 467 TWh, односно 44 милијарди  m3 годишно.

Eba2

eba3

 

Испрати коментар

Scroll To Top