Британската компанија Деливеро, која се занимава со достава на храна, спроведе истражување за трендовите за 2021 година, кога станува збор за храна и пијалоци.
Најпопуларниот пијалок, особено кај младите, ќе биде кафето со млеко, барем судејќи според социјалните мрежи. Густо, таканаречено кафе Далгона.
Во 2021 година, кујната ќе биде одржлива, сезонска, со минимален отпад, а најпопуларна ќе биде јапонската, кинеската и американската, додека аутсајдери се мексиканската и грчката кујна. Италијанската кујна е трета најнепопуларна.
Сите намирници ќе бидат тематски избрани, органски и целосно природни, а ова е тренд од оваа година што ќе се рефлектира и во следната.
Месото ќе биде целосно отфрлено и заменето со растителна храна, што е голем пресврт во сите ланци на ресторани за брза храна.
Безалкохолните пијалоци се најпопуларни, а нови се очекува да бидат пуштени во продажба со додавање на зачини и билки како куркума или бибер.