Насловна / Вести / Словенци вложуваат милиони во истражувања на литиум, на границата помеѓу Србија и БиХ

Словенци вложуваат милиони во истражувања на литиум, на границата помеѓу Србија и БиХ

Пет компании, зад кои стои словенечкиот бизнисмен Андреј Раутнер, вложуваат милиони евра во основање на фирмата „Рудник за литуим“ во Лакташи. Оваа компанија ќе се занимава со истражување и експлоатација на рудата литиум, во источниот дела на Република Српска. Како основачи се јавуваат компаниите: AR plane, R mercuri, и The H, од Словенија, како и AR plane и Yolle top invest, од Лакташи. Основачкиот капитал е 6 милиони евра. Раутнер изјавил за медиумите дека преку новоформираната компанија ќе бара концесии за истражување на овој многу баран метал во светот, кој се користи за производство на батерии. „Ќе се обидеме да се занимаваме со рударство ако ги добиеме концесиите. Сеуште сме на почетокот, бидејќи компанијата постои само еден месец. Истражувањата ќе се вршат на граничното подрачје помеѓу Србија и БиХ“, истакнал Раутнер.

Се проценува дека побарувачката на литиум во наредните 11 години ќе порасне за осум пати, првенствено поради се поголемата застапеност на електричните автомобили кои користат литиумски батерии.

litium1

litium2

Испрати коментар

Scroll To Top