Во ерата на паметни куќи, прашање на време беше кога вештачката интелигенција ќе се инфилтрира во колекцијата вина.
Сега, една стартап компанија сака да ја постигне таа неизбежност со помош на винарска визба која работи на роботски погон, а во комплет со виртуелн сомелиер. WineCab WineWall користи технологија за паметни домови во 21 век за да покаже колекција вина – и да помогне да го изберете вистинското шише за секоја пригода. Тоа е нешто како најсовремена автомат кој на команда може да ви сервира разладен Dom Pérignon.
Во центарот на поставката е седмоосовинска роботска рака која утоварува, скенира и издава вина, додека три камери го следат движењето. WineCab вели дека ова е првпат ваква роботска технологија да се воведе во станбени простори, а дополнително е подобрена со софтвер за препознавање лица кој ги идентификува корисниците и со еколошки контроли кои вашите шишиња ги одржуваат на соодветна температура и влажност. WineWall е опремен и со сензори за движење кои ги штитат вашите шишиња.
Подеднакво импресивно, WineWall исто така служи и како виртуелен сомелиер. Овој интегриран AI систем може на етикетата да идентификува до 600 илјади берби и да ви помогне да спарите храна и вино. Исто така, може да ги зачува вашите оценки и коментари и да дава предлози засновани врз формати на прашања и одговори. Оваа иновативна технологија го разликува WineWall од било што друго на пазарот и заработи место во ентериерите.
Овој роботизиран вински подрум наменет е за сериозни колекционери на вино, секој модел го изработуваат квалификувани занаетчии и мајстори според спецификациите на секој поединец. Можете да изберете од бескрајна низа прилагодени ормани и завршни облоги, вклучувајќи богато дрво, метални детали и внатрешни позадини. Можете исто така да се одлучите за персонализирани гравури.
WineWall моментално се нуди во мала самостојна форма за оние кои буквално сакаат автомат за вино. Постојат и многу подраматични модели кои во основа го покриваат целиот ѕид. Основниот модел чини 179.000 долари, додека за голем ѕид чини 249.900 долари.