Насловна / Вести / SCHÜCO децентрализирани вентилациски системи

SCHÜCO децентрализирани вентилациски системи

SCHÜCO децентрализирани вентилациски системи – прочистен и свеж воздух без загуби на топлина

Потребата од внесување на доволна количина свеж воздух во просториите сега е изразена повеќе од било кога. Новото секојдневие наложува ефективна вентилација, како еден од најважните фактори за заштита од опасностите од непосакуваните честички во воздухот.

Неправилно проветрена просторијата води до влага, отровни испарувања (VOC) и високо ниво на CO2.

Со класично, рачно прозорско проветрување  на згради со централно затоплување, дури и при често отворање не може да се постигне неопходната минимална размена на воздух.

Schüco развива вентилациски уреди, кои овозможуваат самите ние да одредиме кога, колку и од каде да премине воздухот, за да се избегнат: дефекти во конструктивните детали, влага и намалување на квалитетот на материјалите, неконтролирана загуба на топлина и здравствени проблеми.

Schüco VentoAir

Вентилација преку затворено крило

VentoAir_1_resize

VentoAir_small_resize

Schüco VentoAir е саморегулирачки вентилациски уред без обновување на топлина. Инсталацијата е брза и лесна, а уредот е сокриен во процепот на прозорското крило.

Вентилот на VentoAir реагира на промените во притисокот на воздухот и обезбедува контролирана вентилација без да се создава провев во просторијата.

Schüco VentoFrame

Вентилација преку интегрирани канали во прозорската  каса

VentoFrame_1_resize

VentoFrame_small_resize

Schüco VentoFrame е енергетски ефикасен вентилациски уред, монтиран на прозорската каса. Има варијанта за подобрена звучна изолација.

Видливоста на уредот е минимална, а истовремено постига термичка изолација, звучна изолација и  воздушен проток до 33 m³/h.

Има можност за поставување на филтри за заштита од прав, полен и инсекти.

Schüco VentoPlus

Вентилација преку проширен профил или прозорско крило

VentoPlus_1_resize VentoPlus_small_resize VentoPLus_small2_resize

Schüco VentoPlus е уред  за снабдување со воздух, воден од законите на физиката на зградата. Може да се инсталира на екстензија од профилот или во процепот на крилото.

Обезбедува автоматско прилагодување на протокот на волумен на воздух, благодарение на механички сензор за влажност.

Schüco VentoTherm Twist

Вентилација преку проширен горен или страничен профил

VentoTherm Twist_1_resize VentoTherm Twist_2_resize VentoTherm Twist_Small_resize

Schüco VentoTherm Twist овозможува контролирана размена на воздух, според специфични потреби на просторијата.
Ги задоволува највисоките стандарди на енергетска ефикасност со 80% обновување на топлината.

Вентилацијата е контролирана од сензор за квалитет на воздухот во затворен простор.

Visualisation_resize

al_resize

 

Испрати коментар

Scroll To Top