Насловна / Архитектура / Архитекта од регионот еден од директорите во Gensler

Архитекта од регионот еден од директорите во Gensler

Александар Саша Зељиќ е српски архитект роден во Ваљево и набрзо по студиите на Архитектонскиот факултет во Белград, заминува во САД во потрага по работа. По две децении успешна работа, еден е од директорите на проектантското биро Gensler, кое брои 6.000 вработени во преку 50 земји ширум светот, каде со своите тимови работи на креирање иновативни решенија за клиенти низ целата планета.

1

Со повеќе од дваесет години искуство во работа на комплексни и наградувани проекти, вклучувајќи ги Шангајската кула (Shanghai Tower), втората највисока деловна зграда во светот од 2016 година, Кулата на финансискиот центар во Манила (TFC Tower) од 2018 година и Fulton West во Чикаго, Зељиќ проектира инспиративни простори за живот и работа.

shang

Shanghai Tower

На покана на БАБ 2019 се појави во улога на предавач и ги презентираше своите достигнувања пред преполната кино сала „Балкан“ во Белград.

Фокусирани на квалитет, перформансите на зградите и искуствено доживување на просторот, работата и проектите на Зељиќ се признати со бројни награди. Проектот за чикашкото  ABC State Street Studio ја доби наградата AIA Chicago Distinguished Building во 2007 година. Неговиот проект со Gensler за болницата Yishun во Сингапур ја освои во 2013. наградата AIA Chicago за одржливост. Центарот за финансии во Манила ја освои наградата за најдобра деловна зграда во Југоисточна Азија во 2015 година.

manila

TFC Tower во Манила

I

Yishun во Сингапур

Работата на Зељиќ со тимот на Gensler на  Shangai Tower препознаена е 2016. од AIA Chicago со  Distinguished Building Award, а истата година Shanghai Tower ја освои наградата од Council of Tall Buildings and Urban Habitat (CTBUH) во категоријата најдобра висока зграда на светот. Сите овие проекти познати се по своите иновации и го подигнаа националниот и меѓународен профил на Gensler, компанија каде Зељиќ работи предходниве 15 години.

fluton

Fulton West во Чикаго

Во професионалната заедница тој силно придонесува на организации како Обединетите Нации и International Council for Caring Communities (ICCC). Зељиќ исто така бил претседавач во огранокот на  Council on Tall Buildings and Urban Habitat (CTBUH) во Чикаго, а автор е на многубројни стручни трудови и презентации кои ги претставува ширум светот.

Зељиќ дипломирал на Архитектонскиот факултет во Белград, а со мастер диплома се стекнал на Универзитетот Илиноис во Чикаго, каде живее и работи и денес.

2

Испрати коментар

Scroll To Top