Вчера во позната њујоршка галерија Blain|Di Donna се отвори изложба од дела на Енди Ворхол составена само од портрети на поранешната Прва дама, Жаклина Кенеди.
Убиството на 35. американски претседател Џон Кенеди во 1963 година го шокираше целиот свет. Американскиот поп-арт уметник Енди Ворхол веднаш по трагедијата одлучил да ја овековечи Првата дама и реализирал серија на портрети по кои веќе самиот бил познат во светот на уметноста.
Со реплицирање на нејзини фотографии со ситопечат, создал интересни дела, а по овој повод, во галеријата Blain|Di Donna повеќе од 50 трудови се претставени од оваа серија. Изложбата е отворена од 10 април до 17 мај.