Бирото Colombo and Serboli Architecture создало простор со шарени единици за складирање и розова бања со отворање на основата на овој стан во историската четврт El Born во Барселона. Апартманот е сместен во станбена зграда од 13 век. Сопственичка, млада Италијанка која работи во модна индустрија, им се обратила на архитектите за да го редизајнираат нејзиниот дом и да вклучат дополнителен простор за складирање и нова бања за гости.
Станот со површина од 65 квадратни метри претходно имал темен, одделен распоред – две спални соби кои ја зафаќале страната на станот кон улицата и една спална соба што се наоѓала близу влезот и спречувале светлината да стигне до централните заеднички простори.
Локалното биро CaSA, одлучило потполно да го преуреди станот, рушејќи ги сите постоечки преградни ѕидови за да го свртат вниманието кон четири метри високите плафони и големите прозори на балконот.
За да создадат одредена раздвоеност помеѓу влезниот простор во станот и дневниот боравок, архитектите создале единица за одлагање по цела висна до плафонот, каде може да се скалдира облеката и други работи. Темносиниот шкаф се одликува со контрастна розова ниша и влезна врата.
„Волумен со цела висине го намалува чувството на простор во големата дневна соба, додека употребата на волумен со пола висина би го трансформирала неговиот врв во темен, правлив агол“, објаснуваат архитектите.
Форма на лак се огледува во кујната со заоблениот простор каде е сместен тоалетот за гости и пултот за појадок, кој има површина слична на терацо изработена од распарчен кварц.
Остатокот од просторот осветлен е со дабови подови и варосани sидови, и е надополнет со сива гарнитура во дневната соба од данскиот дизајнерски бренд Hay.
Едан дебел ѕид е оставен да ја сокрие спалната соба. Срушени се и лажните плафони за да се видат плитките сводови кои се традиционални во каталонскиот регион.
„Преку новиот дизајн сакавме да ги подвлечеме сите оригинални елементи, истовремено подобрувајќи ги новонастанатите одлични простори и нивните пропорции“, велат архитектите Matteo Colombo и Andrea Serbol од CaSA за Dezeen. Архитектите исто така ги обновиле и оригиналните, стари дрвени капаци на прозорците.