Вкупната должина на железнички пруги за големи брзини во Кина, достигнала 37.900 километри на крајот на 2020 година. Тоа е 2.900 километри повеќе во однос на претходната година. Вкупната должина на сите железнички пруги во Кина заклучно со 2020 година изнесува 146.300 километри, а за оваа година се планира проширување на мрежата за околу 3.700 километри. Должината на железнички пруги за големи брзини во Кина опфаќа две третини од вкупната должина на пруги за брзи возови во светот, се истакнува во Белата книга под наслов „Долгорочен развој на кинескиот сообраќај“ која е објавена во декември 2020 година.