Радикалното враќање кон природата преку концептот на детски градинки сместени во шума, и во кои на децата им е дозволено да се качуваат по дрвјата и да палат логорски оган, во моментот е голем хит во Германија. Во земјата има над 1.500 вакви градинки. Концептот се вика „Waldkindergarten“ и веќе стекнува популарност и во Јапонија, Јужна Кореја и Америка.
Идејата е децата да поминуваат што повеќе време на отворено, без разлика на временските услови. Доколку има дожд, децата се засолнуваат во шатори, а снегот не им пречи да останат надвор. Минатата зима децата од градинката „Die Kleine Pankgrafen“ во близина на Берлин изградиле дури и игло, и тоа сосема сами без иницијатива од страна.