Насловна / Архитектура / I-Tower во Сеул, бетонската форма на надворешноста е иконична слика

I-Tower во Сеул, бетонската форма на надворешноста е иконична слика

I-Tower е посебна зграда која не ја избегнува контрадикторната природа на нејзината локација и нејзината програма, туку ги трансформира во место од кое изникнува единствена креација.

12_resize

13_resize

Само неколку блока од густата деловна четврт Gangnam во Сеул, Јужна Кореа, објектот се наоѓа на граница помеѓу мал парк и згради. Низ оваа микро-граница помеѓу градот и природата, на зградата и се дадени две контрастни лица: од страната на паркот, тоа претставува цврста бетонска фасада, слична на огромна карпа од природата, а кон урбаниот контекст се отвора со полни панорамски sидови завеси, како лампион. Двете спротивни лица одговараат на желбата за природа и град.

1_resize 9_resize

Повеќето згради во оваа област се придржуваат на регулативите за регулирање на дневната светлина, повлекувајќи го секој кат наназад додека се искачува. Архитектите од бирото Chiasmus Partners, проектанти на I-Tower  ги поврзале наназад поставените точки на објектот за да создадат закосена фасада, која ги задоволува прописите и постигнувајќи градба со скулптурен квалитет. Цврстите фасади се разбиени на три големи главни дела, со нивно спротивставување и преклопување се создаваат тесни процепи, за да се овозможи индиректно осветлување од сонцето и поглед на околината.

2_resize

Силната бетонска форма на надворешноста е иконична слика, структурна обвивка и готов надворешен материјал, сè во едно, без потреба од дополнителни фасадни материјали за обложување или боја.

3_resize 4_resize

Богатството на форми, комбинацијата на полната маса и стаклените отвори, композицијата на пресекот, се се комбинира, создавајќи ентериер полн со просторна сложеност, елиминирајќи потреба од дополнителни внатрешни облоги или украсени површини.

5_resize 7_resize 8_resize 6_resize 14_resize

Испрати коментар

Scroll To Top