Тим истражувачи од Универзитетот во Оксфорд, открија исплатлив и ефикасен начин на производство на млазно гориво од јаглерод диоксид. Истражувачите успешно го претвориле CO2 во млазно гориво, користејќи ефтин катализатор на база на железо. Претходните успешни обиди за ваква трансформација, бараа сложени процеси и скапи хемикалии. Но, како што е откриено во часописот Nature, истражувачите од Оксфорд веруваат дека новата метода би можела да произведе гориво по конкурентни цени, кое потенцијално би можело да го елиминира огромното оптоварување кое го создава воздушниот сообраќај. “Под притисок на климатските промени, нашето откритие значајно ќе придонесе за одржливи светски процеси во производството на горива“, рекол еден од истражувачите.
Овој тим започнал да ги истражува можностите за претворање на CO2 во гориво пред повеќе од една деценија, но дури сега конечно е остварена долгоочекуваната цел. Методата вклучува употреба на CO2 заробен во воздухот, кој се конвертира со водород, со помош на процес наречен хидрогенизација и катализатор направен од соединение составено од железо, манган и калиум. Новата метода е „поекономична и поприфатлива за животната средина“ во споредба со индиректните методи, како на пример конверзијата на CO2 во метанол, па потоа во млазно гориво.