Aзербејџан и саудиската водостопанско-енергетска компанија ACWA, потпишаа договор во вредност од 300 милиони УСД за изградба на ветерна електрана со инсталирана моќност од 240MW. Ова е воедно прво странско вложување во ветроенергетски проекти во Азербејџан, и ќе помогне во државниот план за остварување на удел од 30% во обновивите извори на енергија до 2030 година. Кога ќе биде завршена, новата електрана ќе овозможи снабдување со електрична енергија за 300.000 домаќинства, и ќе ги намали еквивалентните емисии за 400.000 тони годишно. Планираното годишно поизводство е 1 милијарда kWh, што е еднакво на согорувањето на 220 милиони m3 природен гас.