Насловна / Архитектура / Величествен геометриски приказ на резиденција на Крф

Величествен геометриски приказ на резиденција на Крф

Сè повеќе ги има оние кои ја препознаваат убавината на правите линии и ја пронаоѓаат нивната примена при создавањето на јавни и приватни објекти. На тој начин работело и грчкото архитектонско биро Krak Architects создавајќи ја куќата наречена „Casa Odyssia“.

4

Станува збор за  резиденција за одмор која се наоѓа на островот Крф, Грција. Сместена на зелена површина на надморска височина од околу 250 метри, оваа бетонска градба е вистинска современа одисеја.

5

Во форма на совршен контраст кој му го дава со своето присуство на пределот во кој се наоѓа, „Casa Odyssia“ расте како семе фрлено во земјата. Го наоѓа своето место помеѓу гранките на околните дрвја, позиционирајќи се така што нејзините сопственици имаат совршен поглед на морето.

7

Синтезата се развива околу централниот столб, кој се врти кон југоисток, отворајќи се кон бесконечниот хоризонт. Чемпресите кои се наоѓаат наоколу придонесуваат на впечатокот дека овој дом е во совршен баланс со природата.

6

Сите елементи на овој проект се направени од натур бетон и се среќаваат на место каде маслинките и камењата се преплетуваат во голем обем. Бетонот ги создава sидовите, прозорските рамки, плафоните и подовите на оваа архитектонска креација. Едноставната геометрија, како и изборот на материјали и додаваат визуелна тежина и ја прават забележлива. При изградбата на оваа куќа оставена е и опцијата за нејзино проширување по желба од речиси сите страни.

3

Благодарение на низата големи отвори на куќата, нејзиниот ентериер станува едно со околниот пејзаж. Сите нејзини простори функционираат како полуотворени тераси во текот на летните месеци. Кружниот дел на покривот внесува дополнителна доза на дневна светлина во ентериерот, што го прави уште поинтересен.

2

1

8

Испрати коментар

Scroll To Top