Општина Аеродром, Скопје објави меѓународен анонимен конкурс за избор на идејно архитектонско решение за проектирање на управна (општинска) зграда.
Покрај задолжителните критериуми за проектирање соодветни работни простории, како и простории за прием на граѓани, во конкурсот се бара да се предвидат и современи технологии на градење со материјали и решенија што ќе овозможат висок степен на енергетска ефикасност.
Право на учество на конкурсот имаат правни и физички лица од областа на архитектурата, а крајниот рок за предавање на трудовите е први март.
Оценувањето на трудовите ќе го врши стручно жири, а Општината ќе додели и парични награди за најдоброто решение: 300 000, 100 000 и 50 000 денари.
Сите заинтересирани можат да конкурираат на следниот линк: https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx?fbclid=IwAR3sovidEGrQyIooGKR66ucq-sBUppquYyW-6Fqhfd09K9kUR14ZB-AEtEY#/dossie/1c0a9f5e-1bbd-45b0-9b57-52b7b6f7a65c/6