Насловна / Вести / Србија стана транзитна земја за рускиот природен гас

Србија стана транзитна земја за рускиот природен гас

Во претпоследниот ден од 2020 година, првите 140 000 m3 руски природен гас влегоа во српскиот систем преку Балканскиот тек. Со овој нов гасовод, Србија за прв пат стана транзитна земја за природен гас. Оваа улога ќе се зајакне и со изградбата на интерконективниот гасовод Ниш – Димитровград – Софија. Со активирањето на Балканскиот тек се „отвара“ транзитната рута низ Унгарија, која во Србија минува во близина на преминот Хоргош, чиј капацитет е 7 милијарди кубни метри гас. Гас од Србија веќе се испорачува кон Босна и Херцеговина, а во план е изградба на гасовод до Бања Лука.

Новата рута на снабдување со гас преку Балканскиот тек, за Србија ќе значи и пониски цени на природниот гас за своите потрошувачи. Од Србијагас велат дека од 1ви јануари 2021 година цената на гасот на бугарско – српската граница ќе биде 155УСД за 1000 метри кубни. Стапката на рентабилност на оваа инвстиција е 8%, а Србија ќе добива надоместок за транзит во вредност од 2,8УСД за 1000 метри кубни на 100 километри.

 GASOVOD
balkanski tek2

Испрати коментар

Scroll To Top