Фотографиите на урбаните соѕвездија на уметницата Клариса Боне навистина можат да ве натераат да се запрашате кои констелации се поубави или поважни.
Тешко е да се повтори чувството на чудо кое го чувствува човек кога стои на прозорецот и го набљудува градот ноќе. Клариса Боне, меѓутоа , тоа фантастично го објаснува визуелно и го пренесува со своите дела, пишува порталот Баз фид.
„Залутана светлина – Чикаго“
Боун е фотограф свртен кон убавата уметност, со нов пристап на вообичаената врева на уличната фотографија.
Таа се фокусира на точките на случајна врска помеѓу човек и единствената светлина која доаѓа како дел од животот во близина на високите згради.
„Залутана светлина – Лос Анџелес“
Нејзиниот неодамнешен проект „Залутана светлина“ (Stray Light), претставува познати точки на светлина која допира од прозорците и ги преведува во урбани cosвездија.
„Залутана светлина – Њујорк“
Тоа е невобично мудра игра на концепти, бидејќи градовите емитуваат премногу светлосно загадување за да се видат вистинските cosвездија.